ОЈО ги истражува „исказите од свиркачите“ на Мицкоски, тој вели, апсете ме

од desk2

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски сторил кривично дело со тоа што јавно покажа дека поседува документи со искази од случајот „Рекет“ повикувајќи се на „свиркач“- велат од обвинителството. Но дали и во кое својство би бил повикан ќе одлучи обвинителот кој го води предметот врз база на доказите. Од обвинителството велат- записниците од исказите со кои вчера се закануваше Мицкоски, не протекле од кај нив, јавува ТВ24.

– Согласно закон повикување на „свиркач“ се однесува само за кривични дела за кои нема постапки, во случајов се работи за предмет што е длабоко навлезен во истрагата од што се подразбира дека е нарушена тајноста на постапката, а со тоа е сторено кривично дело. Од извршените проверки е утврдено дека објавените записници и други докази посочени на вчерашната прес конференција не потекнуваат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Обвинителството доколу утврди елементи на кривично дело ќе постапи согласно своите надлежности – одговорија од ОЈО.

Мицкоски пак вели дека се уште не бил повикан од обвинителството да даде исказ, но очекува да го осудат и апсат. Пак се закани дека ако истрагата запне, тогаш тие ќе ги објават документите кои ги добиле од „свиркач“.

– До овој момент немам добиено никаква покана од ОЈО,но во епицентарот на Заевизмот од Зоран Заев, Вилма Русковска и Кацарска очекувам да Зоран Заев нареди, Вилма Русковска испорача, а Кацарска пресуди. Така шти тука сум гонете обвинувајте апсете – изјави Мицкоски.

Смета дека не влијаел на истрагата за „Рекет“.

– Доколку ние бевме Зоран Заев и организиравме воајерски шоуа кога ќе ги емитувавме тие докумнети, тогаш можеби би влијаеле на истрагата – изјави Мицкоски.

Според СДСМ пак поседувањето на изјави од предистражни дејствија и наредби од истрага е кривично дело. Обвинуваат дека Мицкоски ја поткопува истрагата за „Рекет“ и патот на земјава кон ЕУ и НАТО.

– Манипулациите со вакви документи пак ја поткпува истрагата и целиот процес за случајот Рекет. Стана совршено јасно кој ги лиферува доверливите материјали на медиумите со цел да влијае врз истрагата или да ја насочи во погрешен правец – Коста Костадинов портпарол на СДСМ.

„Рекет“ пак неделава е на пауза со искази на лица кои можат да помогнат во истрагата. Првоосомничениот Боки 13-ка денска пак заврши во болница и е вратен во „Шутка“, трет пат откако е во притвор. Мерката притвор за Боки 13-ка и второосомничениот Зоки Кичеец важи до недела. Не се знае дали обвинителството ќе побара продолжување по трет пат. Од таму велат дека во моментов ги анализираат материјалните и вербалните докази. Во притвор од 21-ви минатиот месец е и специјалната обвинителка Катица Јанева./ТВ24

Слични содржини