ОЈО го преиначило делото од „обид за убиство“во „учество во толпа“

од Vladimir Zorba

Основното јавно обвинителство отвори истрага за упадот во Собранието, каде беа нападнати пратениците. Неофицијално од извори во МВР, НОВА дознава дека предметот кој се водел како „обид за убиство“ и бил одземен на обвинителката која требала да го води случајот и тоа од страна на обвинителката Гордана Гешковска и е доделен на неколку други обвинители, по нејзин избор.

Се дознава дека наместо дело „обид за убиство“, постапката ќе се водела како дело„учевство во толпа“што ја намалува тежината на делото. Викендов се очекува да бидат сослушани полицајците како оштетени, а приведените биле пуштени дома.

МВР во текот на денот приведе осум лица за нападот во Собранието. Повеќе детали за приведените не се соопштуваат.

 

Слични содржини