ОЈО: Извршен претрес во неколку станови во Скопје поврзани со „Плацевите на Водно“

од Nikola Popovski

По барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска е извршен претрес во повеќе објекти.

„Претресот е во рамки на истражните дејствија во предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на целосно расчистување на предметот“, стои во соопштението на ОЈО.

Според информациите, претресите се на локација во станот на експремиерот Никола Груевски, на „Бихаќка“ кој е првоосомичен за купувањето на атрактивните парцели со партиски пари. Една од тие локации е и имот на Миле Јанакиески во Прилеп. Јанакиески не е меѓу осомничените во овој случај.

Истрагата за „Плацеви на Водно“ е пред крај, пред десетина дена беше уапсен и бизнисменот Орце Камчев поради сомнеж за бегство. Осомничени се и мајката на Камчев, Никола Груевски, неговиот кум Ристо Новачевски и братучед Сашо Мијалков, поради сомнеж за перење на 1 милион и 300 илјади евра пари од донации кои наместо во ВМРО-ДПМНЕ завршиле во џебот на Груевски.

Слични содржини