ОЈО поднесе обвинителен акт против тројца странски државјани за лажни ПЦР тестови

Основното јавно обвинителство поднесе обвинителен акт против двајца турски и еден државјанин на Швајцарија, за кривичното дело „фалсификување на исправа“ согласно Кривичниот законик.

„Во одвоени кривично-правни настани, обвинетите го сториле делото така што на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, прикажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за корона вирусот“, се вели во соопштението од ОЈО.

Иако воопшто не се тестирале во наведените лаборатории во Скопје и знаеле дека потврдите се лажни, се додава во соопшението на ОЈО, обвинетите ги прикажале сертификатите како вистински пред овластените службени лица.

Слични содржини