ОЈО предложи казни во висина од 2.000 евра за осум лица кои биле дел од приватна забава

Предлог за изрекување на казни во висина од 2.000 евра против осум лица на возраст од 18 до 22 години, кои биле дел од приватна прослава, предложи денес Основното јавно обвинителство.

Меѓудругото, како што потенцираат, на оваа прослава биле затекнати и седум малолетни лица, против кои ќе се спроведе постапка согласно Законот за правда на децата.

„Обвинетите постапиле спротивно на прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за спречување на ширењето на опасна заразна болест, а кои се однесуваат на забрана за одржување на прослави на отворен и затворен простор во периодот од 18.12.2020 до 21.01.2021 година“, истакна ОЈО во своето соопштение.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетите полнолетни лица да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра.​​

Лицата се теретат за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Слични содржини