ОЈО: Реакцијата на Русковска треба да се разбере како израз на моментално разочарување

од Aleksandar Todeski

Јавното обвинителство реагираше на соопштението на Апелациониот суд за замената на притворот со мерка куќен притвор на поранешната Специјална јавна обвинителка Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет“.

„Како единствен државен орган кој е надлежен за кривично гонење и се грижи за законитоста на кривичниот прогон, јавното обвинителство нагласува дека ги почитува судските одлуки и не се меша во работата на судската власт. Реакцијата на надлежниот јавен обвинител во предметот треба да се разбере како израз на моментално разочарување, по сознанието за донесената одлука во предмет во кој по опсежна предистражна и истражна постапка и поднесено обвинение, очекува судска разрешница“, велат од Јавното обвинителство.

Од таму истакнуваат дека во извршувањето на функцијата ја заштитува законитоста и се залага за почитување на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, принципот на владеење на правото и во таа насока обвинителството ќе ја продолжат соработката со надлежните институции и судски органи.

Слични содржини