ОЈО Струга со детали за трагедијата: Убиство и обид за самоубиство

од Nikola Popovski

Од МВР вчера соопштија дека на улицата „Ристо Крле“ во Струга, при расправија со својот сопруг, С.Р. (1987) од убод од нож е повредена и им подлегнала на повредите, според информации на СВР Охрид.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга синоќа изврши увид и според првичните сознанија, по претходна меѓусебна расправија, сопругот и’ нанел неколку смртоносни убоди со нож на жената, а потоа се обидел и да се самоубие. Настанот се случил во домот на нивни пријатели каде сопружниците биле во посета.

„По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција врз телото на починатата. Од лице место прибрани се траги и докази кои ќе бидат вештачени, меѓу кои и оружјето со кое било извршено кривичното дело. Заради утврдување на фактите, јавниот обвинител ќе ги испита и сведоците на настанот“, информираа од ОЈО Струга.

Слични содржини