Околу 1.700 лица во Франција заразени со мајмунски сипаници

од Stefanija Kuzmanovska

Околу 1.700 лица се заразени со мајмунски сипаници во Франција, изјави во понеделникот министерот за здравство, Франсоа Браун.

Браун рече дека владата досега отворила околу 100 центри за вакцинација против мајмуни сипаници и повеќе од 6.000 луѓе примиле превентивни вакцини.

Тој ги повика пациентите кои имаат лезии или други симптоми да се самоизолираат што е можно поскоро.

Тој изјави и дека не гледа голема закана за пошироката јавност, велејќи дека владата својата кампања за вакцинација ќе ја насочи кон целните групи кои се сметаат за најранливи.

„Профилот (на пациентите) е таков што тие се претежно мажи кои имале сексуални односи со други мажи, но може да се заразат и со контакт со водени плускавци на пациентот“, рече Браун во интервју за BFM TV во кое го даде бројот на инфекции.

Најголем дел од инфекциите се случиле во регионот на Париз, рече тој, додавајќи дека во Париз оваа недела ќе биде отворен голем центар за вакцинација.

Светската здравствена организација во саботата објави дека епидемијата на мајмунски сипаници брзо се шири и е глобална здравствена закана. Досега оваа година има повеќе од 16.000 случаи на мајмунски сипаници во повеќе од 75 земји и пет смртни случаи во Африка.

Слични содржини