Околу 1.800 британски падобранци ќе спроведуваат обука во Македонија

од Берта Китинска

Британската амбасада во Скопје информира дека во Северна Македонија се пристигнаати 1800 падобранци од 16-тата воздухопловна јуришна бригада на Обединетото Кралство за да одржат обука заедно со седум други земји на НАТО, вклучително и силите од Северна Македонија.

– Во текот на следните недели 2700 војници од Северна Македонија, Албанија, Грција, Италија, Обединетото Кралство, САД и Црна Гора ќе спроведат обуки за боево гаѓање, како и дневни и ноќни скокови со падобран. На обуката ќе се демонстрира способноста на земјите-членки на НАТО да се распоредат насекаде низ светот и способноста на нивните војници да работат заедно професионално и успешно. Оваа годишна вежба, која годинава се случува во Северна Македонија, е клучен придонес за европската безбедност, која има за цел да испорача сили со висока готовност во низа улоги, да го зголеми го капацитетот и да ги дополни НАТО и другите европски и глобални безбедносни аранжмани, велат од амбасадата.

Обуките ќе се одржат на четири различни локации низ земјата.

Слични содржини