Околу 100.000 Белоруси протестираа во Минск

од Vladimir Zorba

Околу 100.000 демонстранти денеска протестираа во Минск, повторно барајќи оставка од долгогодишниот авторитарен претседател Александар Лукашенко.

Денеска се одржаа протести во уште девет белоруски градови.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека околу 200 демонстранти се уапсени низ целата земја денес.

Некои демонстранти го исмеваа Лукашенко носејќи картонски круни на главата, на 50-тиот по ред протест.

Бранот демонстрации беше инициран од официјалните резултати на претседателските избори на 9 август, според кои Лукашенко освои повеќе од 80 проценти од гласовите. Опозициски активисти и демонстранти тврдат дека изборите биле украдени.

И покрај скоро секојдневните апсења и репресии на демонстранти и активисти, нема индиции дека протестите ослабуваат.

Лукашенко предизвика дополнителен гнев кај демонстрантите во средата, кога се одржа ненајавена церемонија на неговата инаугурација за шести мандат на чело на државата.

Полицијата и армијата го блокираа центарот на Минск со оклопни возила и водени топови.

Главната противкандидатка на Лукашенко на изборите во август, Светлана Тихановскаја, која се засолни во Литванија веднаш по гласањето, денеска ја пофали решителноста на демонстрантите и ги повика да не дозволат да се дојде до губење на енергијата.

„Денес е 50-ти ден од нашиот протест и народот на Белорусија повторно излезе на улица. Дојдовме да го запреме овој режим и ќе го сториме тоа мирно“, рече Тихановскаја.

Слични содржини