Околу 1000 лица на погребот на Бандиќ, се носеле маски со неговиот лик (ФОТО)

од Nikola Popovski

Околу илјада луѓе се собрале на погребот на градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, значително повеќе од 25, што е максимално дозволено според мерките на хрватскиот Главен штаб за борба против коронавирусот.

Фотографиите покажуваат дека растојанието речиси и не се почитувало, но маските биле претежно носени.

Особено се истакнал Патрик Шегота, разрешениот шеф на Градските гробишта и еден од најблиските соработници на Бандиќ.

Тој носел маска со ликот на Милан Бандиќ.

Слични содржини