Околу 14 мај границите ќе се отворат: Идната недела ќе се знае за условите за влез во Грција

од Берта Китинска

Од следната недела ќе има разговори со грчките власти по кои прецизно треба да се знае под кои услови македонските граѓани ќе може да патуваат во Грција, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче

– Околу 14 мај границите ќе се отворат, а за влез во Грција ќе биде потребно или потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест. Ќе разговараме следната недела со министрите со кои разговаравме претходно, така да ќе имаме и нови информации, рече Филипче.

Слични содржини