Олаф Шолц позитивен на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Германскиот канцелар Олаф Шолц е позитивен на тестот за ковид-19 и е во самоизолација, објави во понеделникот неговиот портпарол Штефен Хебестрајт.

Според него, рутинскиот тест на Шолц бил позитивен во понеделникот наутро и тој моментално има благи симптоми на настинка.

„Јавните настапи ќе бидат откажани оваа недела, а канцеларот сака виртуелно да присуствува на внатрешните состаноци и на закажаната средба со премиерите на германските сојузни покраини“, рече Хебстрајт.

Шолц ги посети Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Катар за време на викендот и се врати во Берлин во неделата навечер.

Кога беше тестиран во неделата, Шолц беше негативен на ковид-19.

Слични содржини