Олена Зеленски: Руските окупатори свесно и цинично убиваат украински деца

од Vladimir Zorba

Олена Зеленски, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, секојдневно ја информира јавноста за инвазијата на Украина од страна на руски војници.

Првата дама на Украина сподели фотографии на Инстаграм за украинските деца кои загинаа за време на оваа војна.

– Руските окупатори убиваат украински деца. Свесно и цинично. 18-месечниот Кирил од Мариупол бил итно пренесен во болница од неговите родители. Тој бил ранет во гранатирањето, а лекарите не можеле да направат ништо. Алиса од Октирк. Можеше да наполни осум години. Меѓутоа, таа била убиена во гранатирањето додека нејзиниот дедо ја штител. Полина од Киев. Таа загина при гранатирањето на улиците на нашиот главен град, заедно со нејзините родители и брат. Нејзината сестра е во критична состојба. Арсениј, 14 години. Дел од проектилот удрил во неговата глава. Поради пукањето, лекарите не можеле да дојдат до момчето. Арсени искрвари до смрт. Софија, шест години. Таа, заедно со месечниот брат, мајка, баба и дедо, била убиена од пукање во нејзиниот автомобил. Семејството се обидело да ја напушти Нова Каховка. Мора да зборувам за тоа. Најмалку 38 деца веќе починаа во Украина. А оваа бројка може да се зголеми токму сега поради гранатирањето на нашите мирни градови – напиша таа на Инстаграм.

– Кога луѓето во Русија велат дека нивните војници не му штетат на цивилното население, покажете им ги овие слики! Покажете им ги лицата на овие деца кои немаа ни шанса да пораснат. Уште колку деца мора да загинат за да ги убедат руските војници да престанат да пукаат и да дозволат хуманитарни коридори? Ни требаат коридори во најжешките градови во Украина во моментов! Стотици деца умираат таму во подрумите без храна и медицинска помош. Руските војници пукаат во семејства кои се обидуваат да ги напуштат зградите. Тие убиваат и доброволци кои се обидуваат да помогнат.

Апелирам до сите непристрасни медиуми во светот!“, напиша таа.

Слични содржини