Олимпијадата заврши, проблемите – не! Држеа руски авион во Рио над 4 часа

од desk3

Летот со руска олимписка делегација не успеа да се реализира навреме од Рио де Жанеиро. Првично беше најавено дека рускиот авион ќе доцни со половина час поради преоптовареност на аеродромот во бразилскиот мегаполис. Потоа се покажа дека причината е сосема друга.

1471922863rusiya

Беше најавено дека авионот ќе задржан три часа, бидејќи вработените на аеродромот имале тешкотии со товарот на еден од симболите на рускиот олимписки дом во Рио де Жанеиро – огромна “матрошка”. На крајот руската делегација полета за Москва со задоцнување од 4 и пол часа.

Во тој авион патуваа претежно златните медалисти на Русија од Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Тој требаше да слета во Москва во 16:45 часот по локално време по надополнување во Мадрид, но поради доцнењето пристигнувањето ќе се одложи за неколку часа. Вториот руски лет од Рио де Жанеиро за Москва беше одложен поради проблемот со еден од моторите. Наместо да полета во 2:30 часот ноќеска, авионот тргна со два часа подоцна.

147192285571be69

Како што е познато, Русија учествуваше на Олимпијадата во Рио со скратен состав поради неколку казни на цели тимови или одделни спортисти поради употреба на допинг. Сепак Русите освоија вкупно 56 медали – 19 златни, 18 сребрени и 19 бронзени. Генерално олимписки одличја освоија 107 од 280-те руски спортисти на Олимписките игри.

Слични содржини