Олимпијакос во преговори со Адетокунбо: Должината на договорот е единствената пречка

од Stefanija Kuzmanovska

Според грчка „Газета“, Олимпијакос е заинтересиран за соработка со Костас Адетокунбо. Грчкиот репрезентативец наскоро ќе стане слободен агент, откако истекува неговата соработка со Лос Анџелес Лејкерс. Се шпекулира дека и Панатинаикос е заинтересиран за неговите услуги.

Помладиот брат на sвездата на Милвоки Бакс, Јанис, се приклучи на грчката репрезентација ова лето, тој исто така играше на неодамна завршениот Куп Акрополис, и одигра добар натпревар против Порторико и го заврши со 14 поени. Сепак, тој не се истакна против Србија (три поени), но се добива впечаток дека младиот центар може да им помогне на „хелените“ во борбата за олимписка виза.

Раководството на Олимпијакос го искористи и неговото доаѓање од НБА во земјата каде што е роден за да разговара за можна соработка со Адетокунбо и неговите претставници. Планот му беше претставен на 23-годишниот кошаркар, „црвено-белите“ го сакаат во своите редови, но само доколку биде подготвен да се посвети на долгогодишна лојалност. Тие не сакаат да го подготвуваат за некои побогати клубови од Стариот континент, па затоа се подготвени да соработуваат само доколку Адетокунбо е подготвен да остане на долг рок.

Позитивната работа во преговорите е што Олимпијакос не би му застанал на патот во случај на понуда од НБА, па најверојатно би имал клаузула за излез во договорот, која би можела да ја активираат клубови од другата страна на Атлантикот.

Весникот известува дека Адетокунбо внимателно го слушал планот на Олимпијакос и дека наводно бил задоволен од презентираниот проект. Тој сака да помине неколку години во Евролигата, со цел подобро да се подготви за неговото враќање во НБА.

Сè уште се е на ниво на разговори, не е испратена официјална понуда, така што финансиските детали за потенцијалната соработка не се познати. На младиот кошаркар, кој минатата година стана шампион во НБА со Лејкерс, му беше презентиран само план, и доколку се согласи да потпише долгорочна соработка, ќе има преговори за условите за соработка.

Освен позитивните сигнали, Олимпијакос доби и информација дека играчот ќе одлучи за својата судбина дури по завршувањето на квалификацискиот турнир за Олимписките игри, бидејќи е фокусиран на националниот тим.

Костас ја започна својата НБА кариера во Далас Маверикс, кој го избра во 2018 година како последен пик на драфтот. Тој ја помина сезоната претежно во Лигата за развој, пред да се пресели во Лејкерс. Тој во шампионската сезона забележа само пет настапи, додека во минатата, поради големиот број повреди во тимот од „Стејплс центарот“, имаше можност да зачекори на теренот 15 пати.

Слични содржини