Оливија Вајлд го победи својот поранешен сопруг на суд, откако тој јавно ја понижи

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Оливија Вајлд го доби судскиот спор против нејзиниот поранешен сопруг Џејсон Судикс, кој брутално ја понижи пред неколку месеци.

Имено, тој преку посредник ѝ ги врачил документите за старателство додека актерката била на бина. Иако на почетокот мислела дека тоа е некој дел од говорот и слично, набрзо сфатила дека нејзиниот поранешен сопруг ја тужи, а сето тоа се случило во програма во живо.

Таа си ја завршила работата професионално, до крај, а Џејсон се оправда дека „не знае ништо за тоа“. Но, никој не веруваше, со оглед на тоа што во Америка има малку курирски служби кои доставуваат пошта после осум часот навечер, особено кога некој е на бина. Значи, беше јасно дека тоа беше добро оркестрирана процедура, која повеќето луѓе ја осудија.

Поранешниот сопруг ја обвини Оливија дека е лоша мајка, ја прекорува што објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи, а не му се допаѓа што актерката живее со Хари Стајлс, кој е помлад од неа, а покрај тоа носи и здолништа, ги лакира нејзините нокти, што го смета за „лош пример за неговите деца“.

Сепак, Судикс го загуби првото сослушување за старателство. Неговото барање беше отфрлено откако судијата одлучи дека родната држава на нивните деца е Калифорнија. Имено, Оливија сака да ги одгледува своите деца во Лос Анџелес, а можеби и во Лондон, каде што живее нејзиниот партнер Хари Стајлс, додека Судикс сака да живее со децата во Бруклин.

Бидејќи судот одлучил дека Њујорк не е дом на овие деца, тоа ќе мора да го почитува поранешниот сопруг на убавата актерка, пишуваат странските медиуми.

На 17 мај, Вајлд поднела петиција за „одредување на родителството во Врховниот суд на Калифорнија, Лос Анџелес“. Таа, меѓу другото, во судскиот налог од минатиот месец истакна дека Џејсон „агресивно се обидува да ја посрамоти и дека ѝ се заканува, како кога ѝ ја доставиле тужбата на сцена“.

„Постапките на Џејсон очигледно имаа намера да ми се заканат и да ме фатат неспремна. Можел да ми ги достави документите дискретно, но наместо тоа одбра да ми ги достави на најагресивен можен начин. Факт е дека Џејсон професионално ме посрамоти и на овој начин го изложи нашиот личен конфликт во јавноста, што е крајно спротивно на најдобрите интереси на нашите деца. Откако Џејсон јасно стави до знаење дека нема да можеме да го решиме ова за доброто на нашите деца надвор од судскиот систем, поднесов барање за старателство во Лос Анџелес“, напиша Оливија.

Слични содржини