Олумчев: Прерано се олабавивме, не очекува тешка зима

од Берта Китинска

Бројките на новодијагностицирани со Ковид 19 растат, вакцинацијата за прва доза речиси замре, ретко кој носи заштитни маски и затоа не очекува тежок зимски период прогнозира епидемиологот Сашо Олумчев за Сител. Тој вели дека пикот на четвртиот бран допрва доаѓа.

-Тешка зима ќе биде бидејќи мислам дека прерано се олабавивме. Но имаме уште еден месец да се вратиме на колосек и да се однесуваме како што треба..во спротивно, во јануари не очекува тежок удар, тешка борба, вели  Олумчев.

Според него со воведувањето на прислните мерки нема да се постигне никаков ефект , тој вели дека  треба да се апелира и анимира населението  за да се видат бенефитите од вакцинацијата.

Слични содржини