Омаловажувачка интерпретација на химната: Јосипа Лисац се соочува со затворска казна

Хрватската музичка дива Јосипа Лисац, со својата неконвенционална интерпретација на хрватската химна „Lijepa naša domovino“, на инаугурацијата на претседателот Зоран Милановиќ, предизвика бурни реакции не само во Хрватска, туку и на балканот.

Самата пејачка не сака да ја „оправда“ или „оспори“ својата интерпретација на химната и смирено порачака дека секој има право на свое мислење, пишуваат „Вечерни новости“.

„Не сакам полемики“, рекла Лисац за Новости и додала дека ѝ било чест да пее на инаугурацијата.

„Веќе кажав дека треба да се сака својата земја и да се биде слободен во неа“, навела Лисац.

Големото финале следело откако извесен Бошко Жупановиќ, сопственик на порталот Liburnija.com, поднел пријава против пејачката во Општинското државно обвинителство во Загреб, бидејќи, по негово мислење, изведбата на химната била на омаловажувачки начин.

„Очекував дека ќе завива, но тоа беше исмејување на најлош можен начин. Се срамев што сум Хрват“, напишал Жупанович, кој тврди дека Јосипа користела артикулации и тоналитети кои не се социјално прифатливи.

Доколку судот ја прифати тужбата и ја осуди по членот 349 од Кривичниот закон, на кој Жупановиќ се повикува, Јосипа би одлежала една година во затвор.

Од друга страна, многумина сметаат дека интерпретацијата на химната била храбра, интересна и интригантна.

Слични содржини