Во седум канцелари на народниот правобранител ќе функционират телефонски линии за пријавување на повреди на избирачките права утре на денот на одржувањето на предвремените парламентарни избори.

Во периодот од 7:00 до 21:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право, соопштија од канцеларијата на народниот правобранител.

Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Слични содржини