Омикрон е откриен во седум градови, активни се 16.397 ковид-случаи

од Nikola Popovski

Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека во последните 24 часа се направени 3.748 тестови за коронавирус, а позитивни биле 20,44 отсто.

Во моментов има 16.397 активни случаи.

Во периодот од 10 до 16 јануари годинава во земјава се регистрирани вкупно 11.123 нови позитивни случаи на Ковид-19, што е зголемување од 33,9% во однос на претходната седмица. Тестирани се вкупно 45.401 материјали, за 14,7% помалку од претходните седум дена, а процентот на позитивност се движел од 21,4% до 30,2%, просечно 24,4%, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Во лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика при ИЈЗ, во периодот од 10-15.01.2022, изведен е ПЦР тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism -Vir SNiP SARS CoV 2 Spike S371L S373P на вкупно 96 позитивни примероци на SARS-CoV-2, а кај 57 од нив (59,4%) е детектирана Омикрон варијантата (B1.1.529).

Сојот омикрон е откриен во седум градови и тоа во: Скопје, Кавадарци, Тетово, Охрид, Кочани, Велес и Гевгелија.

Од почетокот на епидемијата од коронавирусот починале 8.115 лица, а регистрирани 245.398 заразени.

Слични содржини