„Омикрон“ мутацијата останува заразна на овие површини најмалку 7 дена

од Vladimir Zorba

По новите лабораториски експерименти, научниците од Хонг Конг изразуваат загриженост за честичките на „омикрон“ мутацијата на коронавирусот што остануваат во просторот за живеење.

Честичките од оваа варијанта на САРС-КоВ-2 остануваат заразни и на мазни и на порозни површини подолго отколку што беше случајот со првата варијанта на новиот коронавирус.

Истражувачите од Факултетот за јавно здравје на Универзитетот во Хонг Конг и Градскиот центар за имунологија и заразни болести примениле капки САРС-КоВ-2 од оригиналната варијанта и од варијантата омикрон (Б1) на различни површини на собна температура.

Откриле дека на мазни површини како стакло, нерѓосувачки челик и пластика, мутацијата на „омикрон“ била заразна дури и по седум дена.

Од друга страна, првата варијанта на коронавирусот престана да биде заразна по четири дена на челик или гипс, а по седум дена на стакло.

На порозна хартија, оригиналниот вирус престанал да биде заразен по половина час, а „омикрон“ по еден час.

Сепак, новиот коронавирус, како што покажуваат бројни студии, се пренесува со капки во воздухот. Инфекцијата поради контакт со контаминирани површини е поретка, иако една нова студија не потсетува на важноста на хигиената на рацете и чистење на површините што луѓето често ги допираат.

Слични содржини