Омикрон стана доминантен сој во земјава, тврди проф. Трајковски

од Nikola Popovski

Универзитетскиот професор Дејан Трајковски смета дека сојот омикрон веќе е доминантен во земјава.

-Во примерок од 56 мостри имало 33 случаи на омикрон сојот. Средната пропорција изнесува 58,9%, со 95% интервал на доверба од 46,4% до 71,4%. Шансите (p-value) омикрон сојот да НЕ е доминантен (пропорција во популацијата <50%) изнесува само 5%. Значи, со ниво на доверба од 95% омикрон сојот од денес е доминантен во земјава, објави Трајковски, кој се занимава со математички пресметки за ширењето на заразата и нејзиниот пик.

Министерството за здравство синоќа информира дека од изработени 56 примероци позитивни на Ковид-19, 33 се позитивни на сојот омикрон, што изнесува 59% од позитивните примероци.

Сојот е детектиран кај 16 пацинети од Скопје, 10 од Охрид, 4 од Тетово, 2 од Кавадарци и 1 од Кочани, додаваат од МЗ.

Слични содржини