Омилениот појадок на Меган Маркл, се подготвува за пет минути

од Stefanija Kuzmanovska

Војвотката од Сасекс се обидува да живее што е можно поздраво, а во прилог на тоа зборува и оброкот што сака да го јаде наутро.

Во новата биографија за кралскиот пар „Пронаоѓање слобода“ од Омид Скоби и Каролин Дјуранд, авторите откриваат како Меган ги започнува своите денови. Станува збор за исклучително здрава утринска рутина.

„Меган е тип на девојка која пие смути по јога или пилатес“, се наведува во книгата.

Што се однесува до нејзиниот појадок, авторите пишуваат:

„Нејзиниот утрински ритуал започнува со чаша топла вода и парче лимон, по што следи нејзиниот омилен појадок – овесна каша, направена со бадемово или соино млеко, со додавање на банани и агаве сируп, која се прави за не повеќе од пет минути.

Слични содржини