ОН: Авганистан може да остане без храна до крајот на месецот

од Nikola Popovski

Координаторот за хуманитарна помош на Обединетите нации во Авганистан, Рамиз Алакбаров, денеска предупреди дека храната во земјата може да ја снема на крајот од овој месец и дека кризата со глад ќе биде уште еден предизвик со кој се соочуваат новите талибански власти.

Алакбаров рече дека од 38 милиони жители на земјата, една третина се соочува со „итно“ или „кризно“ ниво на несигурност за храна, пренесува агенцијата АП.

Како што додаде, со доаѓањето на зимата и сериозната суша што се заканува, потребни се повеќе пари за да се нахрани населението.

Тој посочи дека Светската програма за храна на ОН им подели храна на десетици илјади луѓе во последните недели во Авганистан.

Меѓутоа, како што посочува Алакбаров, од 1,3 милијарди долари потребни за помош, се примени само 39 проценти, така што без дополнително финансирање, залихите со храна ќе исчезнат на крајот на септември.

Слични содржини