ОН: Имаме капацитет да ја поддржиме мисијата на МААЕ во Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska

Обединетите нации имаат логистички и безбедносни капацитети да ја поддржат посетата на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на украинската нуклеарна централа Запорожје, а условот е со тоа да се согласат и Русија и Украина, изјави денеска портпаролот на ОН, Стефан Дизарик.

Така тој одговори на обвинувањето на Русија дека ОН ја блокирале посетата на инспекторите на МААЕ на најголемата нуклеарна централа во Европа, која Русија ја затвори во март, пренесува „Ројтерс“.

„Во близок контакт со МААЕ, Секретаријатот на ОН оцени дека има логистички и безбедносен капацитет во Украина за поддршка на која било мисија на МААЕ во нуклеарната централа Запорожје“, рече портпаролот на ОН, Стефан Дизарик, додавајќи дека и Русија и Украина мора прво да се согласат со тоа.

Слични содржини