ОН не можат да ги утврдат одговорните за нападите на централата Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska

Обединетите нации не можат да ги утврдат одговорните за нападите на нуклеарната централа Запорожје, изјави Фархан Хак, заменик портпарол на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

„Па, ние немаме можност да ги утврдиме нападите. Сакаме сите напади да запрат“, рече тој, додавајќи дека ја споделува загриженоста на генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) Рафаел Гроси и го поддржува неговиот повик до сите страните да ги прекинат сите конфликти околу централата, објави ТАСС.

Руското министерство за одбрана претходно објави дека украинските војници го продолжиле гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје по двомесечна пауза.

Само на 19 и 20 ноември, според Русите, врз објектот биле истрелани најмалку 25 гранати.

Сепак, украинската администрација на нуклеарната централа Запорожје соопшти дека зад гранатирањето на централата стојат руски сили, што е спротивно на тврдењата на Москва дека артилериските напади ги извршиле украинските сили.

Слични содржини