ОН: Продолжуваме со нашите напори за враќање на руската храна на пазарите

од Stefanija Kuzmanovska

Обединетите нации продолжуваат со напорите за враќање на руската храна и ѓубрива на светските пазари, изјави денеска заменик портпаролот на генералниот секретар на ОН, Фархан Хак.

„Како што изјави генералниот секретар Антонио Гутереш претходно денеска во Одеса, да не заборавиме дека она што го правиме овде во Одеса е само повидлив дел од решението“, рече Хак, пренесе агенцијата ТАСС.

Заменик портпаролот на генералниот секретар на ОН, Фархан Хак, исто така изјави дека вториот дел, кој исто така е важен, се однесува на непречен пристап до светските пазари на руска храна и ѓубрива, кои не подлежат на санкции.

Слични содржини