ОН: Светот не треба да ги заборави страдањата на жените во Авганистан

од Берта Китинска

Обединетите нации денеска, на годишнината од доаѓањето на власт на Талибанците во Авганистан, предупредија дека светот не смее да ги заборави проблемите со кои се соочуваат жените и децата во таа земја.

ОН наведуваат дека светот се соочува со различни кризи, но дека Авганистан се уште е во длабока економска и хуманитарна криза, пренесува Би-би-си.

Според проценките, 95 отсто од населението и речиси сите домаќинства на чие чело се жени немаат доволно храна, изјави директорката на Агенцијата за население на ОН, Наталија Канем.

Таа го осуди фактот што жените и девојчињата имаат се помалку пристап до образовните институции и здравствената заштита.

– Кога на жените и на девојките им се ускратени основните права, сите се чувствуваме лишени – додаде таа.

Откако Талибанците дојдоа на власт, правата на жените во Авганистан се драстично ограничени.

Слични содржини