ОН: Вооружена група го прекина водоснабдувањето во Триполи

од desk4

Вооружена група го прекина водоснабдувањето на опколениот либиски главен град Триполи, во кој живеат 2,5 милиони жители, соопштија Обединетите нации.

Според Светската организација, блокадата на водата може да биде воено злосторство.

Владата ги обвини силите лојални на Калифа Хафтар, кои се обидуваат да го заземат Триполи.

Групата во неделата изврши напад врз главната постројка на мрежата која снабдува со вода.

Портпаролот на ОН, Стефан Дјожарик рече дека светската организација е длабоко загрижена поради прекинот на снабдувањето со вода.

ОН соопштија дека вооружените мажи ја нападнале главната водоводна станица во Триполи и го сопреле водоводот кој снабдувал вода во главниот град и во градовите на северозапад,  опфаќајќи околу два милиона луѓе.

Слични содржини