Она што Владата предводена од СДСМ и коалицијата ќе го вети тоа и го исполнува, порача Спасовски

од Nikola Popovski

Она што Владата предводена од СДСМ и коалицијата ќе го вети тоа и го исполнува – ви ветив дека ќе биде реконструирано Полициско Одделение Ростуше, денес тоа е реалност. Ветив дека ќе има базна станица за лични карти, и тоа е реалност. Од 2017 година наваму работиме посветено под мотото „Задоволна и опремена полиција-безбедни граѓани” и така ќе продолжиме, изјави министерот за внатрешни работи и член на Централниот одбор на СДСМ, Оливер Спасовски на средби со граѓаните на општина Маврово Ростуше, заедно со градоначалникот Медат Куртовски, пратеничката Белкиса Зекири и претседателот на општинската организација Самир Ајдини.

Тој ги наброја проектите кои што се во тек и кои значат реализацијата на ветувањата на СДСМ дадени пред граѓаните за време на предвремените локални избори.

-Започна реконструкција на повеќе улици во Велебрдо. Се прави потпорен ѕид во Жировница. Потпишани се договори и наскоро започнува релизација на проектот за водовод во Аџиевци со поддршка на Владата. Паркинг во селото Требиште. Сите овие нови проекти кои се реализираат директно придонесуваат за развој на регионот и исполнување на ветувањата на СДСМ. Продолжуваме силно и посветено, да инвестираме насекаде, со поддршка на локалната самоуправа, да работиме во насока на рамномерен регионален развој, а се со цел обезбедување на подобар живот за сите граѓани, истакна Спасовски.

Слични содржини