Онлајн акцелераторска програма за млади за започнување сопствен бизнис

од Берта Китинска

Фондацијата „Претприемачки сервис за млади“ објавува повик за учество на млади лица во онлајн акцелераторска програма за започнување сопствен бизнис. Целта на програмата е да овозможи поддршка на младите лица кои имаат идеја за започнување сопствен бизнис.

Право на учество имаат младите на возраст од 18 до 35 години,а најдобрите пет бизнис планови ќе бидат наградени со 4.000 евра за започнување на сопствен бизнис.

Програмата ќе биде реализирана во текот на април и мај, а датумите на одржување на вебинарите и онлајн менторството ќе бидат дополнително дефинирани.

Програмата содржи пет фази и тоа предакцелераторска програма, подготовка на бизнис канвас, селекција на најдобрите бизнис идеи, акцелераторска програма за изработка на бизнис план и бизнис план натпревар. Најдобрите 10 бизнис идеи ќе поминат во фазата за изработка на бизнис план, а во финалната петта фаза ќе бидат избрани најдобрите пет бизнис планови.

Сите заинтересирани потребно е да се пријават на онлајн форма . Крајниот рок за пријавување е 10 април. За подетални информации заинтересираните може да се обратат и на [email protected].

Акцелераторската програма е дел од проектот БалканМед ИННОВА, финансиран од Европската унија.

Слични содржини