Опасност од уривање на уште една зграда во Мајами: Наредена евакуација

од Stefanija Kuzmanovska

Станарите на зградата од 156 станови во северниот дел на Мајами Бич, недалеку од Сурфајд каде се сруши солитерот и притоа загинаа 22 лица, а 126 се водат како исчезнати, беа евакуирани поради опасност од колапс.

Crestview Towers, зградата која беше иселена од безбедносни , е изградена во 1972 година. Локалните власти наредиле нејзина евакуација бидејќи се проценува дека не е безбедна за живот по извршениот увид што започнал по уривањето на зградата во Сурфајд, пренесе РТ.

За време на тој преглед, анализиран е извештајот на инженер од јануари годинава, со кој се проценува дека зградата на Crestview Towers не е безбедна поради структурни и проблеми со електричните инсталации.

Властите на округот Мајами Дејд започнаа со преглед на сите згради повисоки од пет ката за да се спречи трагедијата што се случи во Сурфајд, кога зградата се сруши и однесе 22 животи, додека се трага по 126 исчезнати лица.

Градските власти наредија да се отстранат остатоците од демолираната зграда во Сурфајд кога спасувачките екипи ќе завршат со потрагата по исчезнатите.

Слични содржини