Опкружен со згодни девојки: Роналдињо се збогати после затворот (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Славниот бразилски фудбалер Роналдињо ќе ја памети 2020 година откако замина во затвор за поседување фалсификуван пасош, но и по неговата прилично брза и голема заработка по ослободувањето.

Да потсетиме, славниот фудбалер влезе во голем проблем кога беше уапсен во Парагвај со неговиот брат, бидејќи се покажа дека домаќините на нивниот деловен состанок наместо „почесниот пасош“ на таа земја – им дале вистински кои претходно им припаѓале на други луѓе па биле фалсификувани.

Поради тоа Роналдињо помина 171 ден не баш зад решетки, затоа што издржа дел од казната во затвор, а дел во домашен притвор. Но сега тој е многу задоволен, бидејќи за само неколку месеци, поранешниот фудбалски ас заработи околу пет милиони бразилски реали, што е околу 788.000 евра.

Според „Ел Паис“, еден месец по ослободувањето од затворот во Парагвај, Роналдињо отишол во Бело Хоризонте, каде добил работа да ги промовира работите за изградба на стадионот Атлетико Минеира.

Со тој клуб ја освои Копа Либертадорес во 2013 година, јужноамериканскиот пандан на Лигата на шампионите.

Потоа добил статус на „почесен граѓанин“ во Бело Хоризонте и таму отвори музичко студио.

Тој дури сними и спот со групата Reside Mob и раперот Џонг, во кое не само што е опкружен со разголени убавици, туку на крајот „гњурнува“ со лицето во нивните тела додека лежат.

Снимката е прегледана повеќе од милион пати за само една недела, но „Ел Паис“ истакнува дека Роналдињо заработил на други начини, не само од промоција на стадионот и влегување во музичката индустрија.

Имено, тој започнал со производство на сопствен органски џин, како и „шампионско вино“, па тие две инвестиции значително придонесоа неговата финансиска состојба значително да се подобри во споредба со почетокот на претходната година.

Слични содржини