Опожарено „Ауди“ во Куманово

од Milan1

Автомобил марка „ауди“ вчера бил опожарен во кумановската населба Карпош, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

– На 21.11.2021 година во 21.45 часот било пријавено дека на улица „100“ во Куманово настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Д.М.(35), велат од полицијата.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема.

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека во гаснењето на пожарот учествувале четворица пожарникари со едно противпожарно возило.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Слични содржини