Актуелно
Почетна / Хроника / Опожарено возило на Владата

Опожарено возило на Владата

На улица „Димитар Влахов“ утрово настанал пожар, при што опожарено било едно патничко возило „ауди 4“ во сопственост на Владата на Република Северна Македонија.

– Утрово во 02:30 часот во СВР – Скопје било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Кеј Димитар Влахов“, настанал пожар, при што била опожарена сува трева и заден дел на паркирано патничко возило „ауди 4“, без регистарски ознаки, сопственост на Владата на Република Северна Македонија, соопштуваат од МВР.

Оттаму информираат дека пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Скопје.

loading...