Опозицијата бара интерпелација на Димитров во Собранието, според него тоа е очајнички обид да се создаде раздор во Владата

од Nikola Popovski

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ја започне 30-та седница на чиј дневен ред се 50-тина предлог-закони за изменување и дополнување на постојни закони, како и интерпелацијата за работата на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Сепак, таа е сè уште е далеку од разгледување заради набиената денешна агенда. Димитров ќе има можност да ги даде своите аргументи против интерпелацијата што ја покрена за него ВМРО-ДПМНЕ.

„Очајниот обид да се создаде внатрешен раздор во Владата ја надминува политичката програма и нивната битка против нас како политички противници. Во ова историско преплетување и во овој контекст, ова е директен напад врз самата држава и нејзините институции како столбови и носители на суверенитетот“, изјави Никола Димитров, вицепремиер за европски прашања.

Интерпелацијата за Димитров ќе биде нов пораз за очајното ВМРО ДПМНЕ, велат во СДСМ. Владејачката партија потсетува дека опозицијата и пред две години поднесе интерпелација за истиот министер, но за неа гласаа само 20 пратеници, па очекува така да биде и годинава.

Опозициската ВМРО ДПМНЕ му забележува на Димитров дека со своето недоаѓање на комисиска расправа, покажал непочитување на Собранието

Слични содржини