Опозицијата бара согласност од сите партии за измени во Законот за средно образование

Опозициската, ВМРО ДПМНЕ, во рамки на денешното соопштение, упатија повик до сите партии, со цел поддршка на измените во Законот за средно образование.

Ова следува откако матурантите адресираа писмо до Собранието и замолија да им се помогне и излезе во пресрет во однос на полагањето на државната матура.

За потсетување, матурантите изминатата година се соочија со големи проблеми, како неодржување на настава и скратени часови, во времетраење од 30 минути, сето тоа доведе до помал број на часови на настава и поголеми тешкотии на учениците за совладување на материјата.Со цел да им се помогне тие да продолжат со своето образование без дополнителни стресови, ние сметаме дека нивните барања да полагаат два предмети матура се оправдани.

Обединетото Кралство, Ирска, Франција и Белгија, веќе го применија овој модел за намалување на бројот на предмети кои матурантите ќе ги полагаат.

„Бараме од сите партии, особено од власта да ги поддржи овие законски измени, бидејќи за иднината на државата се работи.

Време е да се стават теснопартиските интереси на страна и да се поддржат измените во Законот за средно образование“, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Слични содржини