Опозицијата на протест во 15 градови

од Берта Китинска

Вечерва ВМРО-ДПМНЕ простираше во 15 градови ширум државата против, како што велат, продавањето на националните интереси од страна на власта.

– Овој пат сакам исто така да ја предупредам македонската јавност, македонскиот народ, македонската нација, граѓаните во Македонија дека новоименувањето на Владо Бучковски за посредник во спорот со нашиот источен сосед, човекот кој што имаше осудителна пресуда а потоа преку Врховниот суд во владеењето на Зоран Заев, а знаете како тие трас-трас одлуки се носеле во Врховниот суд беше ослободен, човекот кој што беше осуден за проневера за тенковски делови, за бугарските тенкови денеска треба да го решава историскиот спор со соседна Бугарија, претставува вовед во едно ново апокалиптично сценарио, вовед во едно ново предавство кое што ќе треба да биде извршено и врз македонскиот надор, македонската нација и македонската држава, асимилација на македонскиот народ, на маса се македонската историја, македонскиот јазик, традиција обичаи и откажување од македонското национално малцинство кај нашиот источен сосед, од Куманово говореше лидерот на партијата, Мицкоски.

Слични содржини