Опозицијата се налути, Алими го имитирал Ѓорчев зошто се напил вода на говорница

од Aleksandar Todeski

Смеење кај владејачкото мнозинство, а навреда кај опозициската ВМРО-ДПМНЕ предизвика пиењето вода на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими. Според пратеничката Лилјана Затуроска, актот на пратеникот Алими бил имитирање на нејзиниот колега Владимир Ѓорчев, кој секој пат пред да зборува на говорницата пие вода.

„Процедурално побарав збор бидејќи ние конструктивно седиме на седницата и дебатираме, а координтарото на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими го имитира колегата Ѓорчев. Вие не реагирате никако“, му се обрати Затуроска на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Џафери пак и возврати дека не слушнал Алими да споменува имиња и не сфатил дека тоа што пратеникот пие вода имитра некој од колегите. Реагираше и координаторот на пратеничката група на ДУИ, кој рече дека не го сторил тоа, туку едноставно се напил вода од чашата.

Инаку, на седницата се разгледуваа повеќе закони, меѓу кои и Законот за вработените во јавниот сектор, но не беше изгласан бидејќи немаше доволно пратеници во салата.

А.Т.

Слични содржини