Опозицијата со ново име по мандат: Коалицијата за подобра Македонија стана Коалиција за обнова на Македонија

од Vladimir Zorba

Брифирање на коалициските партнери од разговорите и заклучоците на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, но и прекрстување на блокот со кои најголемата опозициска партија ќе оди по мандат на предвремените парламентарни избори на 12 април. Ова го истакна првиот човек на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој откри дека е кум на новото име на здружените сили.

„Ги запознав коалициските партнери со деталите од вчерашната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски и за закажаните предвремени избори. Едногласно беше прифатен и мојот предлог за преименување на Коалицијата за подобра Македонија во Коалиција за обнова на Македонија. На земјата и треба обнова“, изјави Мицкоски по средбата.

Слични содржини