Опозиционерката од Белорусија порача: Сама донесов одлука да ја напуштам земјата, знам дека многумина ќе ме осудат

од Vladimir Zorba

Белоруската опозиционерка, Светлана Тихановскаја денес потврди дека донела „тешка одлука“ да ја напушти својата земја каде протестното движење се репресира по спорните претседателски избори.

„Јас самата ја донесов таа одлука … и знам дека многумина ќе ме осудат, многумина ќе ме мразат“, рече Тихановскаја, која за неколку недели, на сите изненадување, успеа да анимира големи маси против владата на претседателот Александар Лукашенко.

Министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линквесиус, денеска објави дека пристигнала во Литванија и дека е безбедна, откако не се знаеше каде се наоѓа претходната вечер.

Втора последователна вечере се случуваа демонстрации во Белорусија против изборната победа на претседателот, кој беше избран на претседателските избори во неделата во шестиот мандат со повеќе од 80 проценти од гласовите.

На социјалните мрежи се гледаат видеа на кои полицијата најбрутално се справува со демонстрантите.

Слични содржини