Опозициските портали шират лажни вести за исходот од денешното гласање

од Nikola Popovski

Дел од опозициските портали денес излегоа со наводни неофицијални резултати од Изборната единица 4, во која гласале болните и изнемоштените лица.

Портпаролот на Државната изборна комисија Адмир Шабани на денешната втора прес конференција како шпекулации ги наведе информациите дека резултатите од гласањето на позитивните лица од ковид-19,веќе се познати.

„Гласчките ливчиња се враќаат во кутијата на основниот избирачки одбор без да се отворат. Истата таа кутија се користи и денеска доколку избирачкиот одбор има гласање на болни и немоќни лица. Гласачките ливчиња од гласачите позитивни на ковид-19 и гласачките ливчиња од гласањето на болните и изнемоштени лица се вадат од гласачката кутија пред да започне гласањето в среда“, изјави Шабани.

Вчера под посебни протоколи гласаа 723 граѓани заразени со КОВИД-19 или во изолација. Денеска ќе се гласаат затворениците, раселените, болни и изнемоштени. Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат 1.814.263 гласачи запишани во Избирачкиот список. Гласањето утре ќе трае до 21 часот.

Слични содржини