Oppo ја претстави својата технологија за 10-кратен хибриден оптички зум

од Vladimir Zorba

Кинеската компанија Oppo ги обелодени деталите за својата нова оптичка технологија, која ветува 10-кратно оптичко зумирање. Се уште нема телефон со неа, но повеќе детали ќе се дознаат на мобилниот конгрес следниот месец.
Развојот го комбинира претставениот пред некое време модул Oppo со 5-кратен оптички зум, со друг ултра-широкоаголен оптички сензор, кој овозможува ефикасно зумирање од 10 пати.

Додаден е и трети сензор со стандардна оптика за нормална слика, што не влијае врз зумирањето. Така, компанијата може да ги покрие фокусните должини во опсег од 15,9-159 mm, што е повеќе од 16-80 mm кај Huawei Mate 20 Pro. Два од модулите (телефото и со стандардна оптика) имаат оптичка стабилизација.

Развојот е покриен од повеќе од 100 патенти и претрпе бројни тестови за издржливост при паѓање.

На Мобилниот конгрес ќе биде демонстрирано како функционира и се очекува масовно производство подоцна оваа година.

Слични содржини