Опра го продала интервјуто со Меган и Хари за 9 милиони долари

од Vladimir Zorba

За само неколку часа целиот свет ќе го гледа интервјуто кое го сними познатата американска водителка Опра Винфри со Меган Маркл и принцот Хари. Но, она што е можеби поинтересна тема е колку стана побогата Опра по интервјуто на деценијата, како што многумина веќе го нарекуваат.

Кралицата на американските емисии го продала долгоочекуваното интервју на Си-Би-Ес за 7 до 9 милиони долари, пишува „Волстрит журнал“.

Но, меѓународните права на „сочниот“ разговор ги задржала, а многу телевизии низ целиот свет ќе го емитуваат интервјуто ден по Си-Би-Ес, што значи дека парите само ќе „се влеваат“ во буџетот на Опра во следните неколку дена.

Да потсетиме, британските медиуми пишуваат дека телевизиската мрежа во Велика Британија, Ај-Ти-Ви, може да се откаже од прикажување на интервјуто со Опра, за кое му платиле на американскиот Си-Би-Ес повеќе од еден милион фунти, затоа што се нашле „на удар“ на Британците, кои мислат дека потегот на Хари и Меган не е на место.

loading...

Слични содржини