Опра одби да биде кума на Лилбет: „Јас сум премногу стара“

од Vladimir Zorba

Водителката Опра Винфри одлучи да ги запре гласините за кумство на ќерката на принцот Хари и Меган Маркл – малата Лилибет.

Во едно неодамнешно интервју, таа објасни дека е премногу стара за улогата на кума.

„Јас сум сосед и пријател само, верувам дека ќе земат некој помлад за таа улога“, објасни Опра, која е во добри односи со семејството од 2018 година, кога доби покана за нивната кралска венчавка.

За време на интервјуто, таа откри дека навистина и се допаѓа избраното име за девојчето и дека ќе им испрати специјален подарок на гордите родители за Денот на таткото.

Опра го снимаше интервјуто со Хари и Меган по неколку бурни месеци за нив двајца, во кои тие станаа родители, беа на погребот на покојниот Филип и направија интервју кое го привлече вниманието на пошироката јавност.

Слични содржини