Опра Винфри донира 10 милиони долари за борба против коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska

Опра Винфри најави дека ќе донира 10 милиони долари за борба против коронавирусот, како и да помогне во доставување храна на најранливите Американци, пренесува Танјуг.

Една од најбогатите и највлијателните жени, го најави овој потег на социјалните мрежи.

„Јас донирам 10 милиони долари за да им помогнам на Американците за време на пандемија низ целата земја и во областите каде што пораснав“, напиша Винфри (66).

Родена во Мисисипи, порасната во Милвоки и Тенеси, а детството го поминала во сиромаштија.

Дел од парите ќе бидат исплатени во новиот американски фонд за храна, формиран од „Епл“, „Форд“, Леонардо Ди Каприо и има за цел да им помогне на децата и сиромашните за време на пандемијата.

Слични содржини