Општина Бутел изврши темелна дезинфекција на повеќе локации низ целата територија

од Берта Китинска

Викендов службите на Општина Бутел во однос на справување против ширењето на коронавирусот изврши темелна дезинфекција на повеќе локации низ целата територија.


Имено, викендов општинските служби темелно ги дезинфицираа просториите во општинската зграда, потоа дезинфицирани беа сите автобуски постројки.Со одобрение на Здравствениот Дом на Скопје дезинфицирана беше и амбулантата, и воедно сите објекти кои се лоцирани на локалниот пазар во Бутел,а благодарение на Скопски Пазар, како општествено одговорна компанија.

Дополнително на ова, Ве информираме дека во рамките на оваа акција во справување против ширењето на коронавирусот, Општина Бутел во наредните денови ќе ги дезинфицира сите градинки и основни училишта кои се на територија на општината.

Слични содржини