Општина Бутел од денеска отвори дежурен телефонски број за пријавување нерегуларности

од Stefanija Kuzmanovska
Општина Бутел од денеска отвори дежурен телефонски број, на кој што жителите ќе можат да пријават нерегуларности во делот на комуналните работи, на животна средина и урбанизам, како што се палење смет, токчичен отпад, уништување на јавно зеленило, дефекти на улично осветлување, уништување на детски игралишта и паркови, диви депонии, нелегално градење и друго.
Телефонскиот број 075/249-314 ќе биде во функција за жителите на Општина Бутел во текот на 24 часа.
Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, се надева дека овој начин на фунционирање ќе има поголема продуктивност за инспекциските служби и ќе се намалат неправилностите од несовесните граѓани.

Слични содржини