Општина Чешиново – Облешево го организирала денешниот протест на оризопроизводителите? (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Дали општината Чешиново – Облешево стои позади денешниот протест на дел од оризопроизводителите кои го блокираа регионалниот пат Штип-Кочани е прашањето кое се поставува во јавноста откако на социјалните мрежи се појави документот за пријава на протестот кој е испратен токму од општината.

Градоначалник на општината Чешиново-Облешево е Далибор Ангелов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, со што се поставува прашањето дали опозицијата со искористување на маките на оризопроизводителите се обидува да предизвика притисок на власта.

На овој начин, се чини, ВМРО-ДПМНЕ преку земјоделците се обидува да изврши притисок и да ја оцрнат власта.

Слични содржини